Полициска акција за апсење на организаторот на нападите во Париз

Од:

Специјалните сили на француската полиција (Раид) рано изутринава почнаа антитерористчка акција против вооружена група во Сен Дени, јавиа дописникот на МИА од Париз.

Според повеќе француски медиуми, целта на акцијата е апсење на Абделхамид Абауд, кој се смета за организаторот на нападите во Париз од 13 ноември.

Електронското издание на весникот „Монд“ јави дека при акцијата се убиени најмалку двајца припадници на вооруженате група.

Полицијата потврди дека „најмалку пет вооружени лица“ се забарикадирани во еден стан во близина на базиликата во Сен Дени.

Со полициската акција раководат антитеростичката дирекција и судската полиција, во рамките на истрагата за петочните напади во Париз.

Интервенцијата на полицијата се уште не е завршена, а на локланите жители им се препорачува  да не излкегуваат од своите домови.

Според француските медиуми, при операцијата се повредени повеќе полицајци.

Првите истрели во регионот се слушнале околу 4:30 часот, а околу 5 часот покрај истрели, оддекнале и неколку детонации. Околу 5:20 интензитето на престрелките се намалил, но во реонот почнале да се слуша завивање на сирени, веројатно на амбулантми и полицикаи возила/

Полицијата го евакуира плоштадот „Жан Жорес“ каде се наоѓа седиштето на општинската управа, а евакуирана е и една големата пешачка улица, како и уште две други улици.

Еден од петочните напади се случи во Сен Дени, кога во близина на стадионот „Стад де Франс“ се разнесе еден бомбаш-самоубиец, убивајќи едно лице и ранувајќи триесетина други.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз