На протестите пред американската амбасада во Бејрут, против одлуката на Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата.
Либанските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите.
Учесниците во протестот носеа палестински знамиња и фрлаа камења и други предмети врз припадниците на безбедносните сили кои поставија барикади на улицата кон америкаската амбасада во Бејрут.