Полицијата во Пакистан го приведе поранешниот претседател Мушараф

Од:

Полицијата во Пакистан, денес го приведе поранешниот претседател на државата Первез Мушараф, поради обвинение за предавство додека беше на власт, пренесуваат локалните медиуми.

На локалната телевизија е објавена видео симка на која се гледа како униформирани полицајци го водат на суд.

Адвокатот на Мушараф, Камар Афзал изјавил дека неговиот клиент доброволно се појавил на суд и додал дека од судот бара Мушараф да биде сместен во домашен притвор, а не во затвор.

Поранешниот претседател Мушараф, по краткото сослушување на судот се вратил во својата куќа.

Вториот Мушарафов застапник, Ахмад Раза Касури, за „Ројтерс“изјави дека неговиот тим ќе се жали до Врховниот суд, со цел да го поништи налогот за притвор на Мушараф.
Судот го нареди Мушарафовиот притвор, откако претходно го одби барањето да се брани од слобода во врска со неговата спорна одлука да се суспендира уставот и прогласи вонредна состојба 2007 година и да се сменат судиите.

Мушараф четири години беше надвор од државата, а против него се покренати обвиненија за три случаи, меѓу кои и обвинението дека не направил доволно да го спречи убиството на поранешната премиерка Беназир Буто 2007 години.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица