Најмалку четири лица загинаа, а осум други се повредени при пукање во Старата национална банка во Луисвил, Кентаки, соопшти полицијата на прес-конференција. Вооружениот напаѓач е исто така мртов, изјави заменик-началникот на полицијата во Луисвил, полковник Пол Хемфри.
Најмалку двајца полицајци беа застрелани, рече Хемфри. Од осумте лица кои се пренесени во болница, двајца се во критична состојба. Еден од нив е полицаец кој бил опериран. Некои од преживеаните успеале навреме да се сокријат во безбедна просторија, изјави новинар на Си-Ен-Ен.
Жртвите се идентификувани како Томас Елиот (63), Џејмс Тут (64), Џошуа Барик (40) и Џулијана Фармер (45)
Идентификуваниот напаѓач бил вработен во банката
Полицијата го идентификуваше напаѓачот, тоа е 23-годишниот Конор Старџен. Работел повеќе од една година во банката, а неодамна, како што пренесува Си-Ен-Ен, добил известување дека ќе добие отказ. Полицијата се сомнева дека тоа бил неговиот мотив. Пред пукањето оставил порака, тврди полициски извор. Пораката била наменета за родителите и пријателите, а во неа најавил дека ќе ги нападне луѓето во банката.
Пукањето го пренесуваше во живо на Инстаграм. Полицијата го отстрани видеото.
Старџен на својот профил на LinkedIn напишал дека стажирал во Old National Bank во Луисвил три последователни лета помеѓу 2018 и 2020 година пред да биде ангажиран како специјалист за комерцијален развој во јуни 2021 година. Тој стана синдикален соработник и портфолио банкар во банката во април 2022 година. Тој дипломирал на Универзитетот во Алабама во декември 2020 година, рече портпаролот на универзитетот. Учествувал во забрзана магистерска програма и истовремено дипломирал и магистрирал финансии, изјави портпаролот Шејн Дорил.
BREAKING: At least 5 dead, 6 injured following active shooter incident at the Old National Bank building in downtown Louisville, Kentucky. pic.twitter.com/RlR0G5a5yV
— UA News (@UrgentAlertNews) April 10, 2023
Поранешен колега: Ова е тотален шок
Поранешен соученик на Старџен во средно училиште, кој добро го познавал него и неговото семејство, рече дека никогаш не видел никакви „знаци или сигнали дека тоа може да се случи“.
„Ова е тотален шок. Тој беше многу добро дете кое потекнуваше од многу добро семејство“, рече соученик кој сакаше да остане анонимен и не разговараше со Старџен во последните години. “Не можам да опишам колку е ова шокантно за мене. Не можам да верувам”, додаде тој.
Во есејот што го напишал на универзитет во 2018 година, Старџен напишал дека има „проблеми да се вклопи на училиште“. “Довербата ми беше проблем долго време. Во средно училиште се борев да се вклопам до одреден степен, а тоа создаде донекаде негативна слика за себе која постои и денес. Стекнувањето пријатели никогаш не ми беше особено лесно, па затоа имам повеќе искуство од мнозинството во самостојната работа“, напиша тој.