Полицијата не исклучува дека нападот во Утрехт бил терористички

Од:

Портпаролот на холандската полиција Јост Ланшаге изјави денеска дека оружениот напад во трамвај во градот Утрехт можеби имал терористички мотив.

Тој истакна дека полицијата ја разгледува можноста дека станува збор за терористички напад.

Според весникот „Индепендент“ во нападот има најмалку едно загинато лице, а напаѓачот е во бегство. Медиумите објавуваат дека можно е во нападот да учествувале повеќе лица.

Претходно е соопштено дека неколку лица се повредени откако непознато лице отворило оган врз патници во трамвај, но засега нема информации за нивниот број и здравствената состојба.

На местото на нападот се пристигнати три медицински возила.

Нападот се случил утрово на периферијата на градот, во близина на болницата Оуденријн, а полицијата ги блокира улиците околу местото на инцидентот.

Портпарол на полицијата изјави дека нападот се случил во трамвај на Скверот 24 октомври, кој е веднаш затворен, а над местото на инцидентот кружат хеликоптери.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина