Началникот на полицијата во Филипините ги повика наркозависниците да ги убиваат своите дилери и да им ги палат куќите, и на тој начин се вклучат во војната против дрогата, која ја почна претседателот Родриго Дутерте. Од почетокот на оваа борба против дрогата, убиени се околу 2.000 лица.
– Зошто не ги посетите во нивните домови? Полејте ги нивните куќи со бензин и запалиле ги за да го покажете својот гнев – изјави Роналд дела Роса во синоќешниот говор пред стотици наркозависници, кој денеска се емитуваше на телевизија.
– Тие заработуваат од вашите пари, од парите кои ви ги уништуваат мозокот. Вие знаете кои се. Сакате да ги убиете? Ајде! Можете да убиете дилерите, бидејќи вие сте жртвите – рече тој.
Изјавата на Дела Роса предизвика критики по медиумите и подоцна во текот на денот се извини за своите зборови.
– Го реков тоа, бидејќи се чувствував лошо, изведен пред тие клетници, ситни шверцери и потрошувачи. Тие личеа на зомби – изјави тој пред новинарите.
– Жал ми е, ако сум рекол нешто непријатно. Јас сум само човечко суштество кое може да се изнервира – додаде Дела Роса.