Полицијата изврши претрес во куќата на поранешниот бразилски претседател Лула

Од:

Бразилската полиција извршила денеска, рано изутрина, претрес во куќата во која живее поранешниот претседател, Луис Игнацио Лула де Силва.

Претресот е дел од опсежната истрага во врска со скандалот поврзан со државната нафтена компанија „Петробрас“.

Во полициското соопштение што го пренесуваат бразилските медиуми се вели дека освен куќата на Лула, во местото Сан Бернардо, крај Сао Паоло, претресено е и седиштето на упрвата на Институтот Сао Паоло, што е формиран од поранешниот претседател, по неговото повлекување од функцијата.

Полицијата извршила претрес и во куќата во која живее неговиот син, Фабио Луис.

Истражните власти настојуваат да утврдат дали градежните компании кои се дел од широката истрага за скандалот, ги натплатувале своите договори со „Петробрас„ а екстра заработените пари, потоа ги користеле за подмитување.

Полицијата трага по докази и за сомневањето дека градежните компаии го изградиле ранчот на поранешниот претседател.

Лула е дел од големата група осомничени политичари и високи функционери на компании во врска со случаите на корупција, измама и перење пари поврзани со нафтената компанија „Петробрас„.

Во денешното соопштение на полицијата се вели дека истрагата во која се вклучени повеќе од 200 федерални поливајци, испратиле 33 налози за претрес на разни локации во Рио де Жанеиро, во Сао Паоло и Баија, како и 11 налози за приведување на осомничени во врска со скандалот.

Поранешниот претседател досега на неколкупати беше сослушуван.

Лула беше претседател на Бразил во два, едно по друго мандати и од функцијата се повлече во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски