Полиција спречи продажба на тинејџерки и бебиња во Нигерија

Од:

Полицијата од Нигерија соопшти дека спречила продажба на 17 тинејџерки и 11 бебиња од куќа на југоисток на Нигерија каде што биле затворени.

Девојките изјавиле дека еднаш дневно добивале храна и дека им било забрането да ја напуштаат куќата.

Како што пренесе „Би би си“ таквите фабрики за новороденчиња не се реткост во таа африканска држава.

Ослободените девојки нагласија дека татко на сите бебиња е дваесет и тригодишникот кој е притворен, пренесува „Франс прес“.

Според Европската унија Нигерија и Кина се едни од најголемите извори за трговија со луѓе кои подоцна се префрлаат во Европа каде што најчесто се присилени на проституција.

Националната агенција за забрана на трговија со луѓе објави дека цена на едно продадено дете достигнува и до 6.400долари, и дека на младите родилки речиси секогаш им ги земаат бебињата поради илегално посвојување, работа или проституција, но има случаи и кога ги убиваат за да ги користат нивните делови од телото во обреди.

Сиромашните и неомажени девојки во Нигерија ги чека тешка судбина и најчесто се отфрлени од општеството.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он