Полицаец, нападнат во Хамбург од неколку демонстранти, кои протестираа против самитот на Г-20, бил принуден да испука предупредувачки куршуми, соопшти германската полиција.
Полицаецот успеал да избега во продавница и останал неповреден. Во инцидентот нема повредени демонстранти.
Околу 160 полицајци се поведени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Хамбург.
Во немирите се уапсени 45 демонстранти, јави ДПА.