Лидерот на десничарската антиевропска Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП), Пол Натал денеска поднесе оставка на функцијата, откако партијата доживеа вистинска катастрофа на вчерашните избори, а тој не успеа да освои дури ни место за себе во британскиот Парламент.
Во својата изборна единици, Натал освои само 3.300 гласови, што е за над 10.000 гласови помалку отколку во мај 2015 година на редовите парламентарни избори.
Целата партија доживеа тежок пораз, не успаевајќи да освои ниту едно пратеничко место.
На изборите пред две години, УКИП исто така не успеа да влезе во Долниот дом на Парламентот, но таа тогаш се претстави како респектабилна политичка сила затоа што освои 3,8 милиони гласови. На изборите што се одржаа вчера, за оваа партија гласале само нешто малку над 590.000 гласчи.
– Сега е време УКИП да се сврти кон нови и свежи идеи, изјави Натал, при поднесувањето на оставката.
Засега не е познато кој ќе го наследи Натал на функцијата, на која остана само седум месеци.
Медиумите во Лондон тврдат дека поранешниот лидер и покренувач на целипт процес за Брегзит, Најџел Фараж би можел, по трет пат, да се врати во лидерската позиција во УКИП.
Тој самиот денеска не зборуваше за тоа, но ја обвини премиерката Тереза Меј дека со својата избрзана одлука за избори пред да почнат преговорите со ЕУ, го загрозила успешното спроведувањњ на целиот процес за излез од Унијата.
Фараж, како и Натал. изјави дека партијата, иако тешко погодена од поразот, останува да биде „чувар на Брегзитот“ и дека секогаш ако работите тргнат во спротивна насока од волјата искажана на референдумот, гласачите на УКИП ќе бидат спремни да „интервенираат“.
Фараж, кој и самиот доживеа пораз на парламентарните избори во мај 2015 година, не поднесе оставка, иако тоа го најавуваше пред изборите.
Сега, тој вели дека ослабнатата позиција на Меј, по нејзиниот изборен неуспех, налага да се размислува за две години да се организира нов референдум за напуштање на ЕУ.