Погребан узбекистанскиот претседател Ислам Каримов

Од:

Во Самарканд пред малку заврши погребната церемонија за узбекистанскиот претседател Ислам Каримов, кој со земјата владееше над 25 години , пренесе ТАСС.

Узбекистанскиот претседател почина вчера на 79-годишна возраст.

Илјадници граѓани дојдоа во меморијалниот комплекс „Шахи Зинд“ да се збогуваат со него. Во комплексот се погребани и родителите на Каримов. Локални жители изјавија дека во комплексот не бил погребан никој уште од 1977 година, но за Ислам Каримов бил направен исклучок.

Гробот му е покриен со килим од бели рози. Луѓето до него се пропуштаа во мали групи, а снимањето беше строго забрането. Улиците на градот околу местото на погребната церемонија беа послани со рози.

На церемонијата во Самарканд присуствуваа над дваесет странски делегации, а меѓу нив беше и рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Би можело да ве интересира

Едно лице загина, 160 се повредени во експлозија што се случи во Узбекистан

(ВИДЕО) Експлозија во близина на аеродромот во Ташкент, има повредени

Како ќерката на диктатор изгради империја вредна 240 милиони долари

16 тешко повредени по експлозија во магацин на Министерството за одбрана на Узбекистан

Експлозија во воен магацин во Узбекистан, најмалку 16 повредени

Во Узбекистан почнува самитот на Шангајската организација за соработка, Путин и Си ќе имаат средба

А1он