Погодена е клучна шопинг улица во Техеран

Од:

Иранскиот главен град Техеран беше под силно бомбардирање во петок наутро, а експлозии се слушаа низ целиот град, објавија државните медиуми.

Според извештаите, целта била авенијата Џомхури, популарна шопинг-зона и една од најпрометните улици во центарот на Техеран.

– Улицата Џомхури и станицата Џами БРТ, се целосно уништени. Улиците околу централните и источните делови на Техеран сега се пусти, објави иранскиот државен радиодифузер ИРИБ.

Ова доаѓа откако израелската војска соопшти дека започнала „широк бран напади“ врз клучната инфраструктура на режимот во Техеран.

Персоналот на Си-Ен-Ен на терен слушнал бранови од постојан шум од авиони на небото во близина на Техеран, а иранските медиуми, исто така, објавија гласни експлозии и звук од авиони што се слушаат низ главниот град. Во меѓувреме, портпаролот на иранската војска, Хатам Ал Анибе изјави дека нападите на земјата врз непријателските позиции ќе бидат посериозни и посеопфатни во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме командантот на Револуционерната гарда

А1он

Ги загубивме клучевите, Иран му одговори на Трамп на бесните закани на Ормутскиот теснец

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тајната операција за спасување на пилотот во Иран била на работ на пропаст

Катерина Ѓуровски

Иран потврди дека го разгледува мировниот план

Катерина Ѓуровски

Објавени детали од преговорите меѓу САД и Иран, се предвидува итно примирје

Катерина Ѓуровски

Иран: Ормутскиот теснец не е затворен за сите

Катерина Ѓуровски