На 33-годишниот Андреас Брејвик, утре пред норвешкиот суд ќе му биде изречена казната за убиството на 77 луѓе.
Сигурно е дека цел живот ќе го помине затворен, со тоа што судот треба да одлучи дали тоа ќе биде во затворот или во психијатриска институција.
Додека Норвежаните ја чекаат пресудата, објавени се фотографии
од затворот во предградието на Осло во кој Брејвик е притворен веќе 13 месеци.
Неговата келија е опремена со интернет, а убиецот може да се занимава и во малата теретана.
Сеуште не е познато во кој затвор Брејвик ќе ја служи казната, но еден од затворите во кој би можел да биде испратен е затворот Хелден, познат како „најхуман затвор во светот“.
Норвешка за тој затвор има потрошено еден милион долари само на мурали, уметнички фотографии и светлосни инсталации на ѕидовите на затворот за престојот на затворениците да им биде пријатен.
Затворот Халден е уште подобро место од тоа каде што сега е Брејвик, бидејќи келиите имаат и сопствени бањи со керамички плочки и „flat-screen“ телевизори кои им отежнуваат на затворениците да кријат дрога или оружје.
Во затворот има дури и музичко студио со професионална миксета во кој затворениците можат да смимаат музика и да свират на инструменти. Ни на еден прозорец на овој затвор нема решетки.
Максималната казна во Норвешка, дури и за убиство е 21 година, а норвешките законодавци ќе се потрудат казната на Брејвик неколкукратно да му се продолжи.