Поевтина опрема за фасадата била вградена во изгорената станбена повеќекатаница во Лондон

Од:

Материјалите што биле вградени во фасадната обвивка на 24-катната станбена зграда „Гренфил Тауер“ во Лондон, при нејзината адаптација и обнова биле заменти за поевтини, за да се заштедат пари, открива „Тајмс“, повикувајќи се на откриен меил за направената спецификација за трошоците.

При замената, изведувачите вградувале алуминиум кој е помалку отпорен на оган и висока температура, наместо цинкот што требало првично да биде користен.

Заштедата од ваквата замена изнесува само околу 300 илјади фунти.
Досегашната истрага за катастрофата, во која засега се знае дека загинаа 80 станари, навестува дека заштитната облога поставувана на фасадата на повеќекатницата, имала голем удел за брзото ширење на огнот кој ги зароби несреќнте жители, без можност да избегаат.

Според весникот, засега нема сознанија дека одлуката за намалување на безбедноста од пожар, била намерно направена.

Откритието на „Тајмс“ предизвика вниманието за денешната отворена седница на советот на општината Кенсингтон и Челси, на која требаше првпат да се дебатира за трагедијата од 14 јуни и на која можеа да присуствуваат и преживеаните станари на „Гренфил Тауер“ и роднините на жртвите, беше прекината набргу по почнувањето.

Членовите на советот на општината сметаа дека присуството на медиумите и откривањето детали поврзани за облакодерот и за поѓарот што за кусо време претвори во огнена кула една толку висока зграда, би можело да влијае на текот од јавната истрага за катастрофалниот пожар, што наскоро ке почне.

Британската влада претходно соопшти дека првичната истрага за состојбата со безбедноста од пожар, на станбените висококатници во Британија е многу полоша од онаа за која се претпоставувало.

Вкупно 149 примероци, земени од фасаданите обвивки од висококатниците, во 45 општини, не го поминале тестот за безбедност од оган и пожар.

Би можело да ве интересира

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти