Подржувачите на Асанж бараат од него да се предаде и да оди во Шведска

Од:

Симпатизерите и подржувачите на Џулијан Асанж, во Велика Британија,  бараат од основачот на Викиликс, да им се предаде на британските власти и да оди во Шведска, за да биде сослушуван околу обвинувањата со кои го товарат тамошните правосудни власти.

Неговите британски подржувачи кои собраа пари, за да се плати кауцијата за Асанж, за да може да се брани од слобода,додека треа постапката околу барањето на Шведска за екстрадиција, сега го осудуваат неговото однесување и криење, сметајки дека на тој начин врши предавство на своите принципи, на сето она што го јавно го застапува и го брани, преку интернет страницита што ја создаде.

Негови симпатизери и подржувачи се луѓе од оној дел на британското општество кои себе се нарекуваат либерали, или се опишуваат како левичари, но се дел од светот на познатите во јавниот живот на Лондон. Сите кои платија кауција, сега се соочени со губење на парите, затоа што Асанж ги измами, бидејќи побегна од локацијата на која, според судското решение, требаше да живее до крајот на судската постапка.

Асанж во јуни минатата година побегна од станот што му го одреди судот и се сокри во зградата на амбасадата на Еквадор во Лондон, каде побара азил. Во август, тој доби азил и право да се настани во оваа јужноамериканска земја, но британските власти одбиваат да му дозволат „слободно минување“ до некои од лондонскте аеродроми, за да замине за Еквадор. Тој се сокри во еквадорската дипломатска мисија за да не биде префрлен во Стокхолем, на сослушување, како што одлучи британскиот Врховен суд.

Во Шведска, Асанж го бараат затоа што е обвинет за силување и сексуално насилство на две жени во Стокхолм и двете соработнички на Викиликс.Тој тврди дека таквото обвинување е само изговор за да се„намами“ во Шведска, од каде ке им биде предаден на властите во САД, каде би бил суден за објавувањето на америкамските службени документи.

Неговите симпатизери кои кога беше уапсен го прикажуваа како „борец за слободата на говорот“ и како „политички затвореник“ сега бараат од него да ги почитива судските власти и во Стокхолм да се одбарни од обвинувањата.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска