Подољак за разрешувањата: Зеленски одговори на клучните барања на јавноста

Од:

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак рече дека денешните разрешувања покажале оти Зеленски реагирал на „клучното барање на јавноста“, додавајќи дека правдата важи за сите.

– Кадровските решенија на Зеленски сведочат за клучните приоритети на државата. Претседателот го гледа и слуша општеството. И директно одговара на клучното барање на јавноста – правда за сите, рече Подољак.

Канцеларијата на главниот обвинител претходно соопшти дека заменик-главниот обвинител на Украина, Олексеј Симоненко е разрешен од функцијата.

Во изјавата со која се најавува неговото разрешување не се наведени причините за одлуката, но се вели дека тоа е „во согласност со неговите сопствени желби“.

Претходно оставки поднесоа помошникот на Зеленски, Кирило Тимошенко и заменик министерот за одбрана Вјачеслав Шаповалов, како резултат на корупцискиот скандал што ја зафати Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива