Подољак: По 26 дена војна има одредени промени во мировните преговори

Од:

Украинскиот преговарач Михаило Подољак за Би-Би-Си изјави дека по 26 дена војна има одредени промени во мировните преговори.

– Отпорот на Украина ја принуди Русија посоодветно да ја процени реалната ситуација, што помогна да се поттикне некој вид дијалог, посочи Подољак.

Тој наведе дека секоја одлука за мировен договор ќе биде донесена помеѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин.

Според Подољак сè уште не е договорен датумот за средба на Зеленски со Путин.

Тој не откри детали од преговорите, но изрази незадоволството од одбивањето на НАТО да воведе зона на забранети летови во Украина

– Тие не го затвораат нашето небото, туку стојат настрана во време кога 10 милиони луѓе бараат место за живеење, а три милиони веќе ја напуштиле земјата. Ова е хуманитарна катастрофа во Европа, наведе Подољак.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина