На украинските власти ќе им требаат околу 300 системи на ракетни фрлачи од западните земји, а не 3-4, изјави советникот во кабинетот на украинскиот претседател Зеленски, Михаил Подољак.
Тој додаде дека во моментов околу 90 отсто од загубите во борбите се предизвикани од руската артилерија, која е значително супериорна во однос на украинската.
Велика Британија најави испраќање на три системи за ракетни фрлачи М270, а САД на Украина ќе и испорача најмногу 10 такви системи.