Поднесена тужба поради загадување по пожарот во катедралата Нотр Дам

Од:

Француското здружение Робин Худ, кое претходно предупреди на можноста од загадување од олово по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз, поднесе тужба против непознат сторител поради можноста од загрозување на здравјето, пишува весникот „Монд“.

Здружението, по пожарот во април, предупреди на санитарна опасност, бидејќи во потпокривот на познатата катедрала изгоре речиси 400 тони олово, кое подоцна падна на површината и се прошири во облик на прашина внатре и околу објектот.

Организацијата смета дека властите не преземале соодветни мерки неопходни за соочување со опасностите на кои можат да бидат изложени работниците на градилиштето и станарите во околните згради.

Според наводите на информативната веб-страница Медијапар, концентрацијата на олово е околу 800 пати поголема од дозволеното.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски