Поднесена резолуција за исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН

Од:

САД и другите земји огорчени од руската воена инвазија врз Украина поднесоа резолуција за отстранување на Русија од Советот за човекови права на ОН.

Вонредната седница на Генералното собрание на ОН ќе продолжи денеска попладне.

Во нацрт-резолуцијата се наведуваат податоци за „грубо и систематско кршење и злоупотреба на човековите права“ и „кршење на меѓународното хуманитарно право“ за време на војната.

САД, Европската унија, Велика Британија и Канада беа меѓу земјите кои се залагаат за исклучување на Русија.

Фотографиите и видеата од мачени и убиени цивили во Буча, во близина на Киев, откриени по повлекувањето на руските трупи, предизвикаа бес низ целиот свет и ги обновија наводите дека руските сили извршиле воени злосторства.

Русија негираше дека нападнала цивили. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека фотографиите се „исценирани“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

ФСБ уапси државјанин на Руската Федерација под сомнение за предавство

(ВИДЕО) Силен ураган во Русија, повредени се 11 лица