BMW ги објави првите официјални фотографии и информации за M6 Gran Coupe, чија премиера ќе се одржи за помалку од еден месец на салонот за автомобили во Детроит.
Што се однесува до погонскиот агрегат и амортизацијата, тие се пренесени од М-верзиите на Series 6 – M6 Coupe и M6 Convertible. Моќноста се црпи од 4.4-литарски би-турбо V8 мотор кој испорачува 560 КЅ и 680 Nm.
Трансмисијата е автоматска со 7 степени (M Double Clutch) и ги придвижува задните тркала преку активен М диференцијал. Се очекува од 0 до 100 km/h машината да забрзува за 4.5 секунди, а максималната брзина ќе биде ограничена на 250 km/h (305 km/h со опцијата M Driver’s Package, која вклучува и обука на возачот за спортско возење).
BMW M6 Gran Coupe ќе се најде на пазарот во средината на 2013 година. Светската премиера на моделот ќе се одржи во Детроит во јануари, европската ќе биде во март во Женева, а таа за Азија – во април во Шангај.