Подеста: ФБИ води истрага за руските хакирања на Хилари Клинтон

Од:

Џон Подеста, шефот на кампањата на демократскиот кандидат Хилари Клинтон , на американските новинари им изјави дека ФБИ води истрага за тоа дали Русија стои зад хакирањето на нејзината приватана електронска пошта.

Изјавата на Подеста, кој е и советник на Клинтон, доаѓа откако Викиликс објави детали од некои од хакираните мејлови на демократскиот претседателски кандидат.

Истрагата е дел од поширокото истражување за хакирањето на главниот штаб на Демократската партија, од група за која се верува дека е поврзана со Русија.

„Во политиката сум речиси пет децении, но дефинитивно, ова е првата кампања во која сум вклучен, во која морам да се плеткам и бркам со руските разузнавачки агенции, кои прават се што можат да му помогнат на нашиот противник“, им кажа Подеста на новинарите.

Во разговорот тој посочи дека Роџер Стоун, советникот на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од претходно ги навестил сегашните случувања и тврди дека Стоун бил во контакт со основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Советникот на Трамп, подоцна, ги отфрли тврдењата на Подеста како „лажни и невистинити“.

Шефот на кампањата на Клинтон, инсистира на тоа дека тајмингот со појавувањето на хакираните приватни мејлови не е случаен.

Подеста смета дека сега се објавуваат мејловите само за да се одврати вниманието на јавноста од публикувањето на видео лентите од 2005 година, на кои Трамп дава обсцени коментари за жените и за нивниот сексуален живот.

Штабот на Клинтон, сепак, засега не ја има верификувано автентичноста на хакираните мејлови што ги објави Викиликс.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени