Поддржувачите на републиката кои се собраа на плоштадот Трафалгар на протестот наречен „Не е мој крал“ во моментов се побројни од монархистите.
Изборната група „Република“ се надева дека пред пладне ќе се соберат меѓу 1.500 и 2.000 луѓе, но до 7 часот имало околу 30 присутни, пишува Дејли Мејл.
Групата планира да го направи протестот видлив кога новокрунисаните крал и кралица Камила ќе поминат низ плоштадот Трафалгар на пат од Вестминстерската опатија и назад кон Бакингемската палата.
Истакнат е голем жолт транспарент на кој пишува „Укинете ја монархијата“, додека демонстрантите носат беџови и маици со слоганот „Не е мој крал“.
Велика Британија викендов слави историски настан, крунисувањето на Чарлс Трети со верска церемонија стара 1.000 години и дводневна прослава во земјата со концерт во замокот Виндзор.
Церемонијата на крунисувањето започнува денеска во 11 часот по лондонско време и ќе трае околу два часа под раководство на духовниот водач на Англиканската црква, надбискупот Џастин Велби.