Предводени од организацијата „Муслимански браќа“ Национален сојуз за поддршка на законитоста (НСПЗ), кој го осудува соборувањето на претседателот Мохамед Морси, соопшти дека е потребно протестните дејствија да продолжат насекаде во Египет.
Приврзаници на НСПЗ велат дека се подготвени за понатамошни протести „против превратот“.
Исламистите ги повикаа Египќаните повторно да излезат на улиците и да организираат масовни демонстрации.
„Народот ќе ја продолжи својата револуција“, порача НСПЗ.
Во петокот собири на „Муслимански браќа“ имаше во голем број големи градови на Египет, вклучувајќи го главниот град Каиро, а на одредени места дојде до насилство.