Ердоган: Поддршка на сириските бунтовници

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган рече пред неколку илјади сириски бегалци во Турција дека Анкара го поддржува нивниот бунт против тиранинот Башар ал-Асад

„Ќе бидеме со вас до крајот”, рече Ердоган во кампот Акчале во југоисточна Турција. Во тој бегалски камп живеат околу 25.000 Сиријци.

“Знаеме дека тиранскиот сириски режим и тиранинот Асад убија речиси 50.000 Сиријци”, рече турскиот премиер.

Ердоган беше срдечно пречекан во кампот, каде што бегалците носеа турски знамиња и портрети на турскиот премиер.

Во Турција има околу 150.000 сириски бегалци кои ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред 21 месеци.

Според наводите на опозициската сириска Опсерваторија за човекови права во вооружените судири загинаа околу 45.000 луѓе.

И покрај тоа што некогаш му беше сојузник на сирискиот претседател, Ердоган се сврте против него и сака негово заминување од власта како и поголемиот дел од арапските земји.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија