Од фабриката на Фолксваген во Волфсбург потврдија дека веќе сега се нарачани над 40.000 модели од продавачите во Европа.
По повод на тој настан , викендов, ќе работат сите салони на Фолксваген, за да можат заинтересираните да го видат, пробаaт и купат, при што ќе има и многу пропратни настани, забава и анимирање на посетителите.
Седмата генерација на голф, најпродаваниот модел на Фолксваген, доаѓа со четири бензински мотори, со моќ од 85 дo 138 KС и два дизелски, со моќ од 103 дo 148 КС, како и со стартна цена од 16.975 евра.
Не се знае кога ќе стартува продажбата од другата страна на големиот Океан, но се претпоставува дека тоа ќе се случи во 2014 година.