Почна втората рунда преговори меѓу Украина и Русија

Од:

Прекин на огнот, примирје и воспоставување на хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, се трите главни прашања на агендата на втората рунда украинско-руски преговори, што започна денеска на полско-белоруската граница.

– Започнаа разговорите со руските претставници објави денеска на Твитер советникот на украинскиот претседател и член на украинската делегација во преговоите со Русија Микаило Подољак, изнесувајќи ги трите клучни прашања на средбата.

Делегацијата на Украина, како што јавија белоруските медиуми, на местото на преговори во „Бјаловјешка шума“ пристигнале со хеликоптер.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров посочи дека условите кои ги поставила Русија се минимални и оти ќе биде пронајдено решение.

– Секако дека ќе се најде решение, не се сомневам во тоа. Условите кои за нас се минимални се добро познати, за нив се разговара и на преговорите со украинската страна, како што беше во Гомел и како што ќе се случи денеска, наведе Лавров.

Првата рунда преговори меѓу Русија и Украина се одржа во понеделникот во Гомел, во близина на белоруско-украинската граница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина