Британскиот мминистер за бизнис и иновации и професионална обука Саџид Џавид денеска изјави дека се канидира за заменик-лидер на Конзервативната партија.
Кандидатурата на Џавид уследи откако министерот за труд и пензии Стивен Краб ја најави кандидатурата за лидер на конзервативците.
Се претпоставува дека Краб и Џавад можат да ги освојат гласовите на претставниците на работничката класа.
Краб изјави дека нема да може да има втор референдум за членство на Велика Британија во Европска унија и вети контрола на имиграцијата. Тој, исто така, наведе и дека се мали шансите за организирање на предвремени парламентарни избори во Велика Британија, ако тој го заземе местото на Камерон.
За фаворитот за лидерската функција на Конзервативната партија се смета поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, кој се уште нема поднесено кандидатура. Како можен наследник на Дејвид Камерон се спомнува и министерката за внатрешни работи Тереза Меј.