Почна обновата на оргулите во Норт Дам

Од:

Во париската катедрала Нотр Дам вчера почна потфатот за подготовките за обновување и реставрација на симфониските оргули, кои меѓу другото, беа оштетени во пожарот од април минатата година.

Оргулите не биле зафатени со пламенот и претрпеле релативно мало оштетување од вода за време на гаснењето на пожарот. Инструментот притоа бил покриен и со доста прашина, а некои делови биле оштетени како резултат на екстремно високите температури во катедралата за време на пожарот.

Се очекува чистењето и обновата на скапоцениот инструмент да трае од 2021 до 2024 година, а само расклопувањето на 8.000 цевки и други делови може да трае до крајот на годинава.

– Реставрацијата на оргулите ќе биде еден вид „градилиште во градилиштето“… Овој процес е исклучително важен за севкупната обнова на катедралата, рече одговорниот стручњак за реконструкција на Нотр Дам, Жан-Луј Жоржелин.

Според него, инструментот би можел да биде подготвен за петгодишнината од пожарот, за кога и францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе бидат завршени сите зафати околу обновата на Нотр Дам.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам во Париз поради дефект на владиниот авион

Макрон утре ќе го прими Трамп, а потоа и Зеленски пред отворањето на Нотр Дам

А1он

Нотр Дам повторно отворен за посетители – пет години по големиот пожар

А1он

Завршени градежните зафати врз катедралата Нотр-Дам, за некој месец почнува реставрацијата

A1on

Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена во 2024 година

Концерт на Бадник во Нотр Дам

Ана Ололовска