Во Каталонија започна кампањата за изборите за членови на регионалниот Парламент, кој беше распуштен од страна на властите на Шпанија откако пратениците при крајот на октомври изгласаа независност на тој шпански автономен регион.
Некои од водечките кандидати на партиите кои се залагаат за независност се или во притвор во Мадрид или во бегство, како разрешениот премиер Карлес Пуџдемон.
Пуџдемон се обрати на митинг во Барселона преку видео врска од Брисел, каде се наоѓа од укинувањето на каталонската автономија од страна на Мадрид по прогласената независност.