Почна исплатата на 300 евра за секое дете во Германија

Од:

Од денеска почна исплатата на 300 евра за секое дете во Германија, што е една од мерките од пакетот за справување со пандемијата, договорен во јуни. Речиси 18 милиони деца ќе добијат додаток од 300 евра.

Еднократната помош, според властите, ќе им помогне на семејствата најзасегнати од ситуацијата со пандемијата. 200 евра ќе бидат исплатени во септември, а останатите 100 евра – во октомври.

Додатокот ќе биде исплатен автоматски на сите лица под 18 години во Германија, без потреба од какво било пријавување. Единствениот предуслов за добивање на износот е да се користеле детски додаток најмалку еден месец оваа година – односно бонус од 300 евра ќе добијат родителите чии деца ќе се родат до крајот на годината.

Дел од опозициските политичари ја критикуваа мерката како неадекватна, велејќи дека таа ни оддалеку нема да биде доволна да се санираат последиците од економската криза предизвикана од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис