Почина зачетникот на вештачкото оплодување

Британскиот научник Роберт Едвардс, добитник на Нобеловата награда за медицина и вонтелесно оплодување, почина вчера на 87-годишна возраст по долго боледување, соопшти Универзитетот Кембриџ со кој соработуваше.

Едвардс, кој во 2010 година освои Нобелова награда за медицина, со вештачко оплодување почнал да се занимава во 50-те години на минатиот век, а првото „бебе од епрувета“ Луис Браун е родена во 1978 година, како директен резултат на неговата работа.

Во 2010 година беше соопштено дека над пет милиони деца во светот се родени благодарение на техниките што ги развил Едвардс заедно со покојниот колега Патрик Степто.

Едвардс, кој има пет ќерки и 11 внучиња, своевремено велеше дека за работа го мотивира желбата да им помогне на семејствата. – Нема поголема среќа од детето, рече тој, примајќи на Нобеловата награда.

Едвардс со ИВФ почнал да се занимава од 1955 година, а до 1968 година успеал во лабораториски услови да оплоди женска полова клетка, па оттогаш соработуваше со Степто.

Тие во 1980 година ја основаа првата клиника за ИВФ „Bourn Hall“ во Кембриџ на истокот на Англија во која до денес се усовршуваат гинеколози и биолози од сите делови на светот.

Директорот на клиниката Мајк Макнаме за Едвардс рече дека бил „еден од нашите најголеми научници“, чија инспиративна работа доведе до пресвртница која овозможила животи на милиони луѓе.

ИВФ е постапка со која женските полови клетки се оплодуваат со сперматозоиди надвор од матката, односно во епрувета, по што го добила називот „ин витро“.

Веројатноста двојката погодена од неплодност да добие бебе со помош на вонтелесно оплодување денеска изнесува еден спрема пет, што е иста веројатност која важи за здрави двојки при природно зачнување.

Би можело да ве интересира

Остатоци од леб стар 14 илјади години пронајдени во Јордан

Татјана Ташкова

Под ледникот на Гренланд откриени 56 езера

Студија: Растенијата исчезнуваат двапати побрзо од животните

Татјана Ташкова

По 130 години се менува масата на еден килограм

Откриен противотров за најсмртоносниот отров во светот

Татјана Ташкова

На Антарктикот откриена стапалка од диносаурус стара 200 милиони години

Leave a Comment

20 + fifteen =