Скот Карпентер, еден од седумтемина членови на првата група астонаути на американската вселенска агенција НАСА „Меркјури“, почина на 88 години. Карпентер во 1962 година стана вториот Американец која ја обиколи земјата, управувајќи го вселенското летало „Аурора 7“.
Потоа тој се повлече и се занимаваше со океанографија и соработуваше со нуркачот и истражувачот Жак Кусто.
Сопругата на Карпентер, Пети Барер соопшти дека нејзиниот сопруг починал поради компликации кои настанале по доживеаниот мозочен удар во септември. Џон Глен (92), првиот Американец кој ја облета Земјата, е последниот преживеан член на „Меркјури“.