Почина „револуционерната љубов“ на Фидел Кастро

Од:

Кубанските власти соопштија дека на 89-годишна возраст во Хавана починала „познатата ревлуционерка“ Наталија Ревуелта.

Таа беше вклучена во револуционернто движење на Куба уште од неговата најрана фаза, во почетокот од 50-те години на 20 век, а по победата, Ревуелта имала низа одговорни функции во новата кубанска влада, иако никогаш не биле дел од врвовите на власта.

Во кубанската јавност, меѓутоа, Наталија Ревуелта е многу повеќе позната по нејзината „револуционерната љубов“ со Фидел Кастро. Во таа љубов е родено и единственото дете на водачот на кубанската револуција.

Нивната врска почнала во 1952 година, додека таа била во брак со еден познат и богат кубански хирург, кој бил постар од неа 20 години.

Вљубена во тогаш младиот револуционер, а и самата определена кон борбата за револуционерни промени во Куба, без разлика на нејзиниот тогашен општествен и класен статус, Ревуелта дозволила во нејзината семејна куќа да се претвори во своевиден штаб на револуционерите, согласувајќи се под нејзиниот покрив да се подготвуваа револуцијата во земјата.

Таа ги дала сите свои пари за помош на револуционерната борба, а подоцна и целиот свој накит, од скапи сафири, смарагди и дијаманти за победата на револуцијата во Куба.

Кастро на почетокот одбивал да прифати дека бебето што ја родила Ревуелта е негово дете, но кога девојчето наполнило 12 години, а врската веќе била раскината, тој ја признал Алина за своја ќерка.

Во 1993 година, ќерката на Фидел Кастро побегна од Куба, преправена како шпанска туристика, за да се пресели и да живее во САД.

Наталија Ревуелта по раскинувањето на „револуционерната љубов“ многу ретко се среќавала со Кастро, целосно посветувајќи го својот живот на кубанската револуција.

Еден нејзин биограф ја опишува како жена предадена на љубовта и како авантуристка, но во едно ретко интервју, таа признава дека и биле „потребни многу години за да го избрише Фидел од нејзиното срце“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД