Почина претседателот на Гана

Од:

Претседателот на Гана, Џон Ата Милс почина денеска во Воената болница во Акра на 68-годишна возраст, соопштија властите на оваа африканска земја.

„Со длабока жалост ве информираме за ненадејната и прерана смрт на претседателот на Република Гана“, се наведува во соопштението на Претседателската палата.

Во соопштението не се соопштеени детали за причините за смртта на Милс.

Милс беше претседател на Гана од јануари 2009 година. Тој беше потпретседател на Гана од 1997 до 2001 година, а претрпе порази на претседателските избори во 2000 и 2004 година, кога настапуваше како кандидат на Националниот демократски конгрес.

Согласно Уставот на Гана, претседателската должност ќе ја преземе актуелниот потпретседател Џон Драмани Махама.

Би можело да ве интересира

Кардинал од Гана почина три месеци по неговото назначување

А1он

Циркус: Гана без опрема стигна во Катар

Случаи на опасниот марбуршки вирус откриени во Гана

Голема експлозија во рударскиот регион во Гана, има загинати и урнати стотици објекти

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тепачка во Парламентот на Гана

Ана Ололовска

Најмалку 80 делфини најдени угинати на брегот на Гана