Почина претседателката на австрискиот Парламент

Од:

Претседателката на австрискиот Парламент, Барбара Прамер почина вчера попладне од рак на 61-годишна возраст.

Откако пред десет месеци дозна дека боледува од оваа тешка болест, таа ја информираше јавноста и се повлече од предизборната кампања.

Социјалдемократката Прамер беше политичарка која имаше авторитет врз пратениците, секогаш користејќи аргументи и отворена за дискусија.

Од почетокот на својата политичка кариера таа се борела за правата на жената, а на функцијата претседател на Парламентот стапи во 2006 година, каде стекна почитување од сите партии.

Австрискиот претседател Хајнц Фишер изрази жалење поради смртта на својата долгогодишна партиска колешка, истакнувајќи дека таа била голема личност во земјата, почитувана и надвор од Австрија.

Канцеларот Вернер Фајман исто така изрази сочувство, нагласувајќи дека „раната смрт на Прамер остава огромна тага кај сите што ја познавале“.

Лидерите на сите парламентарни партии изразија жалење за смртта на претседателката на Парламентот, оддавајќи и признание за нејзината професионалност до крајот на животот.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски