Познатата шпанска оперска пејачка Монсерат Кабаје почина на 85 – годишна возраст во Барселона.
– Таа почина ноќеска во болницата Кант Пау, соопштија извори од болницата.
Монсерат Кабаје, која со години имаше здравствени проблеми, ќе биде погребана во понеделник, во главниот град на Каталонија.
Оперската дива стана светски позната во 1965 година кога ја замени Американката Мерилин Хорн во операта „Лукреција Борџија“ во Карнеги Хол во Њујорк.
Во нејзиниот репертоар се повеќе од 125 оперски улоги. Таа има освоено неколку Греми награди, вклучувајќи ја и наградата за најдоброто вокално соло во 1969 година.
Во 1988 година, таа издаде заеднички албум насловен „Барселона“ со фронтменот на групата Квин, Фреди Меркјури.