Почина 37-годишниот Чех, Јакуб Халик кој живееше повеќе од половина година со специјални пумпи наместо срце.
Операцијата врз Халик беше извршена поради раширен тумор кој го опфатил целото срце и му беа вградени две специјални пумпи.
„Причината за смртта ќе ја објавиме по хистолошката анализа чии резултати ќе ги имаме за две недели, но, уште сега знаеме дека срцевите пумпи не се причина за тоа“, изјавил кардиологот Јан Пирк, чиј тим ја изврши операцијата врз Халик.