Почина гардистката која беше застрелана во близина на Белата куќа, убиена е од Авганистанец кој соработуваше со ЦИА

Од:

Сара Бекстром, една од двајцата припадници на Националната гарда застрелани во Вашингтон, почина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Сара Бекстром од Западна Вирџинија, една од припадничките на Националната гарда за кои зборуваме, многу почитувана, млада, прекрасна личност… Таа штотуку почина. Таа повеќе не е со нас“, рече Трамп.

Две лица беа застрелани во среда во Вашингтон во близина на Белата куќа, додека полицијата во Вашингтон објави дека пукањето се случило еден блок од Белата куќа и дека еден осомничен е во притвор.

– Сторителот е исто така тешко ранет и „ќе плати скапо“ за своето дело, додаде Трамп.

Белата куќа ги спроведе најстрогите безбедносни мерки поради инцидентот.

Двајца припадници на Националната гарда, 20-годишната Сара Бекстром и 24-годишниот Ендру Волф, беа застрелани во близина на Белата куќа во Вашингтон.

Осомничениот за нападот е Рахманула Лаканвал, 29-годишен авганистански државјанин кој влегол во САД во 2021 година откако соработувал со американската влада, вклучително и со ЦИА, во Авганистан. Лаканвал исто така бил ранет во инцидентот и хоспитализиран, а претседателот Доналд Трамп вети дека осомничениот ќе „плати највисока можна цена“ за овој „чин на терор“, пишува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Замолчи, замолчи, безборазна“, Трамп збесна и и се развика на новинарка на настан во Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Иран и Оман постигнаа договор, Трамп се закани со бомбардирање

Горан Наумовски

Трамп: Ги намалуваме вежбите со Сеул, испраќаме лош сигнал до Ким Џонг Ун

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

Иран има нова мета

Трамп за договорот меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан: „Голем, смел и важен прв чекор“

Горан Наумовски