Почина Британецот кој прв се зарази и се опорави од корона

Од:

Првиот Британец кој се зарази со Ковид-19, почина една година откако се опорави од вирусот, а неговото тело го пронашле колегите од кампусот каде работел.

Студентот по кинески јазик, Конор Елис Рид, се смета дека е првиот Британец кој се заразил со коронавирусот во ноември 2019 година, додека живеел и работел како професор во Вухан, пренесуваат британските медиуми.

Иако се опорави од Ковид-19, неговите пријатели го пронашле мртов во неговата соба во универзитетскиот кампус во Велс, каде што престојувал и работел.

Обдукцијата покажала дека причина за смртта бил респираторен застој поради бронхопневмонија која настанала како последица на токсични дроги.

Додека бил заразен во Вухан, Рид водел дневник во кој ги запишувал своите искуства со скоро едномесечната борба со вирусот.

Тој напишал дека состојбата му била особено тешка во првите десет дена, а дополнително се влошила во дванаесеттиот ден.

„Мислев дека го поминав оној проблематичен период, но дури тогаш започна ноќната мора. Тешко дишев, постојано морав да одам во тоалет. Се потев и се тресев. Не можев да вдишам воздух, се гушев. Кога дишам звучам како некој да шушка со хартиена кеса. Мислев дека тоа е тоа, дека нема враќање“, напишал Рид.

Тој почнал да се опоравува по 24 дена боледување, по што се вратил на работа.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот