Поборниците за „уринирање стоејќи“ ја добија правната битката во Германија

Од:

Вчерашниот ден во Германија, која деновиве живее во страв од грчките избори и се бори со зголемени тензии поврзани со антиисламските демонстрации, донесе крај на јавната дебата што со години се води за правото на мажите да уринираат стоејќи, јави дописникот на МИА од Берлин.

Судија во локалниот суд во Дизелдорф пресуди во полза на потстанар, кој го тужел својот станодавец затоа што му наплатил сума од депозитот откако открил дека потстанарот направил штета на мермерниот под во бањата. Според сопственикот на станот, причина за штетата била тоа што потстанарот уринирал стоејќи, па мочната киселина го уништила мермерот.

Овој навидум бизарен случај има поширок социјален контекст во земјата-лидер на ЕУ. Долги години во Германија разни групи спорат дали на мажите треба да им се дозволи да уринираат стоејќи. Една компанија дури произведе и помагало продадено во милиони примероци, кое на тие што уриннираат стоејќи им помага при „олеснувањето“.

Во дебатата своевремено се вклучи и екс-канцеларот Герхард Шредер, кој изјави дека „уринирањето во стоечка позиција не е дозволено и се казнува со парична казна според законот, затоа ако не сакате проблеми подобро седнете“.

Во кампањите за ова прашање што се водат и во други земји, како Шведска и Тајван, противниците на стоењето при уринирање сметаат дека има сериозни хигиенски и здравствени причини за нивниот став.

Според дел, од оние што го истражуваат ова прашање проблемот има и сексистички аспект на набљудување. Германските феминистки сметаат дека мажите мораат да уринираат седејќи, затоа што така не создаваат извори на зараза, а во исто време се олеснува работата на чистачките на тоалети кои во најголем дел се жени.

Пресудата на Судот во Дизелдорф сепак нема целосно да ја запре дебатата за овој навидум смешен проблем. Двете групи во германското општество не се откажуваат од своето право, едните да уринираат стоејќи, а другите да добијат почисти и побезбедни тоалети.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски