Италијанската власт отвори истрага поради големите урнатини од земјотресот во централниот дел на земјата, за да утврди дали постои законска одговорност за небезбедна изградба во сеизмолошки трусното подрачје.
Истрагата ќе биде спроведена на многу објекти, вклучувајќи ја и зградата на основното училиште во Аматриче која целосно се разурна во земјотресот.
Училиштето е реновирано во 2012 година со цел да биде отпорно на земјотреси, а реконструкцијата чинеше 700.000 евра.
Главниот обвинител од областа Реити, каде се наоѓаат и градовите Аматриче и Акумоли, Џузепе Сиева изјави дека “големиот број погинати не може да се смета за судбина“.
Во земјотресот со силина од 6,2 степени по Рихтеровата скала според досега објавените податоци настрадале 290 луѓе.
Најмалку 388 луѓе се пренесени во болниците со потешки повреди, а повеќе од 2000 луѓе останаа без покрив над главата.