По терористичкиот напад во Ница хоспитализирани повеќе од 50 деца

Од:

Повеќе од 50 повредени деца се примени во болници во Ница по синоќешниот масакр извршен од вооружен напаѓач во камион за време на огномет за националниот празник на Франција, 14 јули.

Локалниот весник од Ница, Нис матен објави дека 54 деца се хоспитализирани во болницата Ленвал додека други деца се примени во неколку други болници на подрачјето на Ница.

Најмалку 84 луѓе загинаа, а според весникот меѓу нив се околу десет деца додека повеќе до 100 се повредени.

Според очевидци, возачот на камионот прво почнал да пука од огнено оружје, а потоа влетал со камионот во толпа луѓе. Возачот е убиен, а идентификуван како 31-годишен жител на Ница со туниско потекло.

Би можело да ве интересира

Уапсен осомничен за смртта на седум членови на едно семејство од Ница

Во Ница се преврте вагон на туристички воз, повредени се 11 лица

Во Ница приведени уште четири лица поради терористичкиот напад

Ана Ололовска

И Ница воведува дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Вооружен инцидент во Ница: Жена нишанеше со пиштол кон полицијата

А1он

Во Ница оддадена почит на жртвите од терористичкиот напад од 2016 година

Ана Ололовска