По шест години, падна договор – Полска и Чешка го надминаа проблемот со рудникот

Од:

Премиерите на Полска и Чешка, Матеуш Моравјецки и Петр Фијала, денеска во Прага потпишаа договор за еколошки контроверзниот полски рудник Туров, кој е на границата со Чешка. Се договорија Чешка да ја повлече тужбата од Судот на правдата на ЕУ, за Полска да биде поштедена од казна, која изнесува пола милион евра дневно, јави Бета.

Полската влада ја одби привремената мерка на Судот, која се состои од стопирање на работата на рудникот, додека земјата не се договори со Чешка, или не ги реши еколошките проблеми, кои рудникот ги предизвикува од другата страна на границата. Одби да плаќа и казна.

– Полска се обврза да догради ефикасен подземен ѕид, кој би спречил подземните води да се спуштат на чешката страна од границата. Се обврза и на изградба надземен бедем, кој ќе го штити населението на блиските општини од бука, прашина и светла, изјави на конференцијата за новинари, заедно со полскиот гостин, премиерот Фијала.

Компромис е најден и во отштета во висина од 45 милиони евра за Чешка и регионот Либерец, како и во главниот проблем, колку долго ќе трае надзорот дали Полска ефикасно го решава тој еколошки проблем, бидејќи во договорот се наведува тој да трае пет години, наместо две како што сакаше Полска, или 10, како што бараше Чешка.

Спорот меѓу двете земји околу рудникот, трае веќе шест години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он