Вашингтон Пост – Вашингтон
Не долго пред Американците да го шокираат светот со изборот на Доналд Трамп за нивен следен претседател, еден богат бразилски бизнисмен, кој е ѕвезда во телевизиско риално шоу стана градоначелник на најголемиот град во Јужна Америка.
Од другата страна на планетата, во Југоисточна Азија, одмазник кој мафташе со пиштол и се закануваше дека ќе ги убие сите криминалци и ќе ги фрла во море се додека „рибите не се здебелат“, беше избран да води држава со сто милиони население.
А во Велика Британија, гласачите со стогодишна навика за модернизација и прагнматизам избраа да го одбијат советот на експертите скокајќи во амбисот на животот надвор од Европската Унија.
Популистичкиот бран во 2016 кој го доведе Трамп до врвот на меѓународната моќ и влијание не започна во САД. А сигурно таму нема ни да заврши.
Всушност, најголемата награда за глобалното движење изградено на навидум неисцрпните резерви од политичи, економски и културни поплаки изгледа ќе биде двигател на уште победи за луѓе и каузи наклонети на промена на постоечкиот светски поредок.
– Успехот раѓа успех, вели Марк Ленард, директор на Европскиот совет за односи со странство. – Засега, сите го прифаќаат тоа. Двигателите се изгледа универзални, додава тој.
И се додека не се случи нешто драматично што ќе го промени процутот на популизмот, долгата редица изненадувачки победи годинава наскоро ќе се претвори во глобална рутина – триумф на оние кои проповедаат строги мерки во спроведувањето на законот, унилатерализам наместо соработка и интерес на мнозинството над правата на етничките и регигиозните малцинства.
– Нивниот свет се урива, победнички објави на Твитер, Флориан Филипо, висок советник на Марин Ле Пен, лидерка на француската екстремна десница, по победата на Трамп. – Нашиот почнува да се гради, додаде тој.
Француските претседателски избори се закажани за следната пролет, а Ле Пен добро се подготвува да го додаде Париз на листата на светски престолнини кои потпаднаа под попилситичкиот порој. Таа се гледа како победник во вториот круг на гласање и иако нејзините шанси одамна не се земаат предвид кај политичките прогнозери во Франција, тие го сменија мислењето по победата на Трамп.
Доста време пред гласањето во Франција, Австрија може да стане првата држава која ќе избере екстремнодесничарски шеф на државата во Западна Европа по 1945 година, кога ќе избира претседател следниот месец. Истиот ден, на 4 декември, Италијанците ќе гласаат на уставен референдум преку кој може да падне левоцентристичката Влада на премиерот Матео Ренци – и истовремено да ја забревта судбината на антиестаблиштмент движењето Пет Ѕвезди.
Се надѕираат уште шокови
Иако точните причини за појавата на популизам варираат од земја до земја, и влијанијата надвор се слични долж државните граници.
Анксиозноста заради економските успеси од кои корист имаат малкумина, а ги остава другите да стагнираат или да тонат. Непријатноста од културните импликации на сепоповрзаниот свет и оттуѓувањето на политичките класи кои работат во своја корист, која се идентификува со богатењето на сметка на работничката класа.
Она што популистичките лидер, кои се често деца на привилегиите и кои имаат многу малку врски со масите во чие име зборуваат, како да воопшто не е важно.
– Луѓето чувствуваат дека им е потребен моќен лидер кој ќе го збрише естаблиштментот од корен, вели Ленард. – Дали лидерите се исти како луѓето кои ги претставуваат е помалку важно од фактот дека нивната намера е нешто да пореметат, смета тој.
Ова е дефинитивно случајот со Трамп, урбан милијардер образуван според Ајви лиг, кој непобеди во најголемите урбани места, но ги освои помалку образуваните гласачи.
Истото е случај и кога Велика Британија гласаше во јуни за излегување од ЕУ. Гласачите кои ја поддржаа таа кауза беа воглавно од англиските мали гратчиња и кои страдаа во постиндустриските градови кои беа изземени од економскиот расцветан космополитски велеград Лондон. Гласачите кои сакаа да ја казнат бриселската бирократија која ја ставаше миграцијата на врвот на грижите и кои се помалку образувани отколку оние кои сакаа да остане поврзана со другите преку Англискиот Канал.
Сепак, движењето беше предводено од добронамерни политичари со педигреа од најпрестижните училишта во земјата. Заедно тие ја поведоа одамна тлеечката идеја и повикувајќи ги гласачите „да ја повратат контролата“ за личните прашања, се претвори во кауза од која мнозинството гласачи во земјата не можат да се вратат.
Еден од нив, поранешниот трговец со акцизни стоки, Најџел Фараж, подоцна стана најгласниот поддржувач на Трамп во странство – се појавуваше со него во кампањата и го повикуваше љујоршкиот бизнисмен да го следи моделот за Брегзит за остварување победа.
Трамп го стори токму тоа, ветувајќи „Петократен Брегзит“ – и победи.
Фараж се залага да помогне да се повтори изборниот успех за Брезит и Трамп низ целиот Запад. Долгогодишниот лидер на британската антиемигрантска Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП) стана првиот британски политичар кој се сретна со штотуку избран претседател на САД и мина со него еден час во Трамп тауер, а подоцна постираше фотографија на Твитер на двајца широконасмеани мажи пред широкоотворена врата.
– Ве колам, немојте ниту за миг да помислите дека промените тука застануваат, напиша Фараж во таблоидот Сан, кој има огромен тираж. – Гласачите во западниот свет сакаат државна демократија, правилна контрола на границите и самата да биде одговорна за личниот живот. Набргу доаѓаат политички шокови во Европа и пошироко, додава тој.
Плимите надвор од Европа
Ваквите шокови се нова содржина во поредокот по Втората светска војна, во демократиите кои го опкружуваат Северниот Атлантик. Тие се повообичаено во земјите во развој, каде исто така се шири популистичкиот бран – и тоа од некои исти причини како и на Западот.
Во мај, Филипинците го избраа за претседател Родриго Дуерте, човек кој 20 години управуваше со град на југот на Филипините, како мафијашки бос со своја банда. Дуерте, кој го доби прекарот „градоначалник смртен вод“, беше познат по тоа што патролираше по улиците на мотор со откочено оружје. Тој се однесуваше како да ја зема правдата во своите раце.
Како претседателски кандидат, Дуерте ветуваше насилност. Тој се заложи да ја исчисти земјата од криминалот за неколку месеци со живописна апокалиптична визија која вклучуваше елиминација на „сите“ осомничени криминалци. Илјадници луѓе кои беа идентификувани како дилери на дрога и корисници од тогаш беа убиени. Како прв претседател од јужниот остров Минданао, тој најави дека ќе и се спротивстави на политичката елита во Манила, ќе стави крај на досегашната политика и ќе ги заштити сиромашните.
Таквата визија оддекна кај Филипинците на кои им беше преку глава од сеопштата корупција на феудалните семејства кои владеат со земјата, и кои беа гневни од неефикасната полиција и судовите.
Дуерте, кој е син на гувернер, се стави себе си во улогата на спасител кој доаѓа од улицата. Тој збоуваше како самоуверено момче од нашето соседество, се шгуваше во врска со силувањата, се закануваше дека ќе пука по луѓе и ги зачинуваше неговите говори со безобразни зборови, ако „курвин син“.
Крвопролевањето и пцуењето беа делумно распалени од носталгичниот национализам. Дуерте се изјасни против американскиот колонијализам, кога застана зад ранетиот патриотизам, ветувајќи дека ќе ја направи земјата уште понеазависна и Филипините пак ќе бидат Големи.
Политичкото востание против естаблишментот исто беше истакната соджина на бразилската политика во изминатите месеци – најдраматично во августовскиот импичмент на левичарската претседателка Дилма Русеф, чија Работичка партија владееше со Бразил 13 години пред да биде сменета.
Обвинета поради корупција и погрешната еконоска политика заради кои многумина сметаа дека Бразил е во рецесија, Работничката партија доживеа тежок пораз на минатомесечните локални избори. Најголеми добитници тогаш станаа неконвенциоланите политичари.
Во Рио евагнелистички свештеник беше избран за градоначеник. Во Сао Паоло. Жоао Дорија, милионерот бизнисмен кој се тркаше како независен, победи во најголемиот град во Јужна Америка и економскиот центар во земјата. Често поистоветуван со Трамп, Дорија започна бразилска верзија на телевизиското шоу „Стажант“.
Утрото по победата на Трамп, Жоао Болсонаро, десничарски адвокат со претседателски амбиции, на Твитер му честиташе и вети сличен пресврт во Бразил за изборите во 2018 година. Уште веднаш на Твитер тој почна да добива голема поддршка.
Оскар Видарте, политиколог од Понтификацискиот католички универзитет во Перу, вели дека Трамп потсетува на класичниот вид на латиноамериканските популисти, познати како каудиљо, што е шпаски збор кој директно може да се преведе ако „автократ“ или лидер со автократски тенденции.
– Трамп спаѓа во таквата слика, вели Видарте. – Но, во Латинска Америка, подемот на кудиљоси е заради слабите институции. Во САД морате да побарате други причини, смета тој.
Иако аутсајдери продолжуваат да бидат избирани во Латинска Америка – телевизискиот комичар Хамес Моралес неодамна беше избран за претседател на Гватемала – долгогодишните автократи опстануваат.
Ако е за утеха, сега меѓу нив има жестоки судири. Аргентина минатата година гласаше за ставање крај на еднодециниското владеење на Нестор и Кристина Фернандез де Кирхнер. Референдумот во Боливија оневозможи повторен избор на претседателот Ево Моралес, а чавизмот во Венецуала, по 17 години на власт, изгледа едвај се држи на нозе.
Всушност, најефикасен начин да се порази популистичкиот бран, вели Ленард, е почесто да им се дава да владеат. – Тие не го прават тоа многу добро, дополни тој.
Проблемите во Германија
Најекстремниот пример, се разбира, е Германија, каде народниот избор на харизматичен популист се покажа катастрофален за светот.
Заради нацистичката историја на државата, поствоениот политички систем во земјата беше дизајниран за да ги одбрани малцинските права и да спречи надвалдување на мнозинтвото.
Но, терористичките напади од страна на исламски радикали и огромниот бран на мигранти од Блискиот Исток сега ја тестира националната вочја.
Брзорастечката партија Алтернатива за Германија (АфД), основана во 2013 година, го галванизираше антиисламското движење. АфД годинава ја откри својата принципиелна антиверска матрица, предупредувајќи против „експанзијата и присуството на се поголем број муслимани“ на германско тло. Долевајќи бензин на партската кампања, германските политичари уапсија повеќе дестици осомничени екстремисти, од кои многумина влегле во земјата маскирани како мигранти.
Изборите во државата се следната година, а партијата која сега ја поддржува речиси секој шести гласач, постигна изненадувачки успех годинава на локалните избори.
Јирген Фалтер, политички научник и експерт за екстремната десница, го опишува раководството на партијата АфД како „не баш неонацисти, но многу близу“. Сепак, нивната избирачка база е голема – и збир на Германци кои се плашат од се, почнувајќи од странци, па до глобализацијата.
– Тие успеваат да привлечат некои поумерени и помалку умерени луѓе, поддржувајќи ги оние кои се плашат од модернизацијата, од бегалците, од Исламот, вели тој. – А сега можеме да зборуваме и за извесни Трамп гласачи, додава Фалтер.
Дури и во Германија, политички незамислиовото не може повеќе да биде толку лесно исклучено.