По огромната човечка верига, демонстрантите во Либан со возила ги затвораат сообраќајниците

Од:

Демонстрантите во Либан денеска дополнително ги засилија блокадите на приодите кон Бејрут со десетици возила поставени на средина од улиците, крај барикадите што стојат повеќе од десет дена, пренесуваат француските медиуми.

Дополнителната радикализација на протестите доаѓа само еден ден по спектакуларното покажување на единството меѓу демонстрантите кога беше формирана човечка верига долга 170 километри долж средоземниот брег на оваа земја, од север кон југ, со што демонстрираа одлучност да не се откажат од своите барања.

Од 17 октомври демонстрантите бараат заминување на актуелната политичка гарнитура во власта во земјата, која ја сметаат за целосно неспособна и корумпирана.

Бројни политички лидери веќе повикаа на отстранување на барикадите, за да се овозможи продолжување со редовните активности, но социјалните мрежи се преплавени со повици за нивно засилување.

Автопатот долж брегот меѓу Бејрут и Триполи, голем град на север од земјата, утринава на повеќе места беше „херметички“ затворен со десетици возила попречени на патот. Блокади се појавени, исто така, и на автопатот што ги поврзува главниот град со југот на земјата.

Протестите денеска влегуваат во својот 12-ти ден, а излезот воопшто не е на повидок.

Војската, која излезе од касарните во некои сектори од земјата, засега останува неутрална.

Бесот на демонстрантите експлодира по објавување на новиот данок за повици на „Воцап“ (WhatsApp) и иако данокот веднаш беше укинат тоа не ги спречи луѓето незадоволството од политиката да го прелеат низ целата земја.

Би можело да ве интересира

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Либанската армија се подготвува да се распореди на југот од земјата по постигнување прекин на огнот

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот