По неколку месеци, Фидел Кастро се појави во јавноста

Од:

Лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро денеска се појави во јавноста, за прв пат после неколку месеци, јави Асошиејтед прес, повикувајќи се на претсваник на хотелот во кој Кастро отседнал.

Според зборовите на комерцијалниот директор на хотелот „Национал“ во Хавана, Џамили Фастер, 86 годишниот Кастро пристигнал со автомобил попладнево во друштво на „гости од Венецуела“.

Американската новинаска агенција укажува дека појавувањето во јавноста на Кастро е поврзано со неодамнешните гласини дека неговото здравје е многу кревко.

Оваа недела неколки светски медиуми информираа дека претрпел мозочен удар, но неговата сестра Хуанита ваквите информации ги нарече „апсурдни“.

Кастро во 2011. година соопшти дека не раководи со партијата од 2006. година кога поради здравствени причини беше приморан да ги напушти сите функции.

Тој кажа дека овластувањата на прв секретар на партијата, командант на вооружените сили и претседател на државниот совет и на советот на министри, привремено  му ги предава на својот брат Раул Кастро.

 

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ