Главните палестински движења, меѓу кои Исламски џихад и Хамас, кои го контролираат Појасот Газа, се подготвени на хуманитарен прекин на огнот за 24 часа во конфликтот со Израел, изјави денеска висок претставник на Организацијата за ослободување на Палестина.
На прес-конференција во Рамала, на Западниот Брег, генералниот секретар на ООП Јасер Абед Рабо исто така објави дека Палестинците прават постапки за изведување на Израел пред меѓународната правда за извршување убиства.
– Палестинската автономна власт, Хамас и Исламски џихад се подготвени на 24-часовно хуманитарно примирје, увери Рабо.
Во случај на отказ, ние го сметаме Израел за целосно одговорен за последиците, кои ќе произлезат од тоа, додаде тој.
Според него, ОН предложил прекинот на огнот да се продолжи до 72 часа.
Од друга страна, портпаролот на Хамас во Појасот Газа Сами Абу Зухри изјави дека овие информации не се вистините и оти немаат ништо заедничко со позициите на палестинските фракции во моментов.