Платата на кинескиот претседател зголемена на 22.300 долари годишно

Од:

Основната плата на кинескиот претседател Кси Џинпинг е зголемена за околу 13.600 долари на 22.300 долари годишно, јавија денеска кинеските медиуми.

Оваа информација е ретка можност за Кинезите да дознаваат колкави се примањата на нивните лидери и покрај тоа што не е прикажана вистинската состојба, бидејќи во оваа сума не се вклучени специјалните бонуси и другите примања поврзани со функцијата.

Според весникот „Чајна дејли“ основните плати на Кси и на другите шестмина членови на Постојаниот совет на Кинеската комунистичка партија се зголемени за 62 отсто, од 7.020 јуани (1.1140 долари) до 11.385 јуани (1.850 долари) месечно.

Весникот додава дека платите на најнискорангираните државни службеници ќе се зголемат двојно, на 2.580 долари годишно.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски