Планот за мир во Украина е готов – има 22 барања

Од:

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог, изјави дека Вашингтон изготвил мировен план од 22 точки за решавање на војната меѓу Русија и Украина и откри што значи првата точка.

Тој во објава на мрежата X нагласи дека станува збор за „сеопфатен прекин на огнот“.

Според него, во Истанбул, американскиот државен секретар Марко Рубио „јасно стави до знаење“ дека станува збор за „силен мировен план“.

„Како резултат на состаноците во Лондон, ние (САД) развивме сеопфатен план од 22 точки што е основа за мир. Првата точка е сеопфатен прекин на огнот што веднаш би го запрел убивањето“, напиша Келог.

Средбата на руската и украинската делегација во Истанбул на 15 мај беше првата директна средба меѓу Москва и Киев по прекинот на преговорите во 2022 година, а иницијативата за средбата ја покрена рускиот претседател Владимир Путин на 11 мај.

Путин предложи да се започнат директни преговори, кои беа прекинати пред три години, без предуслови, и побара од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да биде нивен домаќин. Американска делегација, исто така, се придружи на преговорите во Истанбул.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мало дете падна од 8- ми кат: Стравична снимка кружи на мрежите

Предраг Петровиќ

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Украинците сè повеќе не му веруваат на својот претседател

Путин: Русија и Белорусија ќе ги користат сите расположливи средства за да обезбедат воена безбедност

А1он

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог